Украина цврсто сака формирање заедничка бугарско-украинско-романска воена бригада, како и распоредување на заедничка флота под покровителство на НАТО во Црното Море. Ова го изјави украинскиот претседател Петро Порошенко за време на официјалната посета на Букурешт, соопшти Romania Insider.

porosenko-pretsedatel-685x320

“Ја поддржуваме иницијативата на Романија за формирање на заедничка флота во рамките на НАТО, која ќе е одговорна за Црното Море. Сакаме да се приклучиме кон овој проект што е можно побрзо, штом НАТО го одобри. Одбраната е многу важна тема и бара нови решенија и нови пристапи “, рече Порошенко.

France Russian Warship

DW: „Супер Марио“ не го интересираат критиките од Германија

За време на посетата на претседателот на Бугарија Росен Плевнелиев во Киев и денес за време на преговорите со претседателот на Романија , ние разговаравме за можноста за создавање на украинско-романско-бугарска бригада по примерот на литванско-полско-украинската бригада. Ние имаме позитивно искуство од примената на овој договор и уверен сум дека ваквите активности ќе ја подобрат безбедноста и довербата и во регионот, и по цела Европа “, истакна украинскиот претседател вчера (21 април).

Petro Poroshenko

Украинскиот претседател истакна и дека неговата земја, заедно со Романија, имаат заедничка позиција за санкциите на ЕУ против Русија. “Санкциите не можат да бидат извадени, додека агресијата не запре”, изјави Порошенко.

Слични содржини