Малолетно девојче било одведено во шума од нејзиното момче за да биде сексуално злоставувана од неговите пријатели

од Milan1

Тинејџерка била одведена во шума во Белгија од нејзиното момче за да биде сексуално злоставувана од неговите пријатели, кои го снимиле нападот на нивните телефони и ги споделиле сликите на социјалните мрежи.

Во периодот од 2 до 6 април оваа година, 14-годишно девојче во три наврати било малтретирано од десет малолетни лица, велат од обвинителството.

Главниот осомничен 14-годишното момче на девојчето ја однел девојката со себе во шумската област Кабутербос во Западна Фландрија. Местото е популарно кај планинските велосипедисти и е блиску до автопатот.

Додека биле таму, нејзиното момче ја нападнало пред наводно да дозволи уште неколку момчиња сексуално да ја злоставуваат, пишува „Дејли мејл“.

Целиот злосторнички чин тие го снимале со своите телефони и снимките ги објавиле на социјалните мрежи.

Обвинителите уапсија десет осомничени на возраст меѓу 11 и 16 години, за кои локалните медиуми велат дека се момчиња од мигрантско потекло

Слични содржини