Порошенко најави стратегија за враќање на Крим во Украина

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Претседателот на Украина Петро Порошенко изјави дека во блиска иднина ќе биде претставена стратегијата за враќање на Крим во рамките на Украина , јави УНИАН.

UKRAINE-RUSSIA-CRISIS-POLITICS-VOTE-POROSHENKO

“Можам да кажам дека стратегијата денес ќе биде завршен како сеопфатен документ во Советот за национална безбедност и одбрана и таа  ќе биде претставена во блиска иднина … Крим останува наш главен приоритет “, истакнал Порошенко, одговарајќи на прашање за тоа кога ќе биде претставена стратегијата за враќањето и ослободувањето на Крим од руска окупација .

Сепак Порошенко се согласил дека е потребно да се подигне нивото на координација на украинските власти во врска со враќањето на Крим.

“Но, тоа не е само координација на активностите на украинските власти. Јас уште еднаш нагласувам дека тоа е ставот на меѓународната солидарност околу Крим “, истакна украинскиот претседател и потсети на одлуката на Генералното собрание на Обединетите нации за осуда на анексијата на Крим од страна на Русија.

Порошенко смета дека враќањето на Крим е исклучително комплексна задача, но забележува дека Украина ќе стори сé за да ја закрепне своја контрола над полуостровот .