Порошенко најавува референдум за членство во НАТО

од Vladimir Zorba
110 прегледи

Претседателот на Украина Петро Порошенко , изјави во интервју за француската телевизија iTele дека прашањето за пристапување на Украина во НАТО ќе се решава преку референдум.

Ukraine peace talks in Minsk

“Прашањето за пристапувањето на Украина кон НАТО се јавува  како фундаментално , ќе се одржи референдум и за тоа  ќе одлучи народот “, рече украинскиот претседател и истакна дека за властите во земјата приоритет се јавува прашањето за пристапување на Украина кон Европската унија .
Украина е европска земја , и Европа не може да биде комплетна без Украина “, коментира Петро Порошенко .Според Порошенко ” денес прекинот, повоениот  мир и системот од договори не се почитуваат  “, а договорот за прекин на огнот во Донбас не се почитува и” крвта продолжува да се лее ” .

Како коментар на оваа констатација, украинскиот претседател изјави дека е потребно да се најде решение за механизмот на поделба на силите , па да се спречат истрелите меѓу завојуваните страни.

Во интервјуто Порошенко ја нагласува важноста да се воспостави контролата над државните граници и територијата на државата.

Порошенко наведува дека Украина е слободна и независна држава и таа ќе се брани. Претседателот вели дека верува во победа. ” Крим ќе биде украински, тој е невидлив без  Украина “, додава Порошенко.