Porsche 911 Sally Special продаден за 3,6 милиони долари

од Vladimir Zorba
204 прегледи

Porsche неодамна ја оживеа Sally Carrerа од анимираниот филм на Pixar „Cars“ со создавање на уникатен 911 наречен Sally Special. Во исто време, Porsche објави дека ќе го продаде Sally Special со цел да донира во хуманитарни цели.

Во меѓувреме автомобилот е продаден на аукцијата на RM Sotheby’s Monterey, каде новиот сопственик за него платил дури 3,6 милиони долари.

Приходите од продажбата ќе бидат наменети за две добротворни организации: Girls Inc., фондација која им помага на младите жени низ САД и Канада, и САД за УНХЦР, добротворна организација посветена на помош на бегалците.

За да го создаде Sally Special, Porsche побара помош од членовите на оригиналниот креативен тим Cars. Целта беше да се земе Sally Carrerа и да се примени изгледот на ликот на модерен 911.

Во филмот, дизајнот на Sally Carrerа беше инспириран од 911 од 2002 година, додека овој уникатен модел ја користи сегашната 911 Carrera GTS како почетна точка. Моќта доаѓа од 3.0-литарски шестцилиндричен твин-турбо со 473 коњски сили и 569 Nm вртежен момент, кој е комбиниран со седумстепен мануелен менувач.

Процесот на создавање на 911 Sally Special исто така вклучуваше дизајнирање на уникатната боја на автомобилот Sally Blue Metallic. Sally Special е поставена на турбо тркалата што ќе ги најдете на 996-генерацијата 911, со димензии 20 инчи напред и 21 инчи назад.

Во внатрешноста има елементи во SallyBlue Metallic боја (бојата е на контролната табла, централната конзола и панелите на вратите), седишта со карирана шема и сини детали, кожа во боја на креда, значка на B-столбот со потпис на Sally Carrerа, логото Cars на панелите на вратите и на страните на седиштата, мал цртеж на Sally Carrerа на совозачката страна на контролната табла итн..

Слични содржини