Последниот потсетник на Porsche за минатите времиња е третиот модел од специјалната и ограничена едиција ретро колекција, а новиот колекционерски предмет наречен Spirit 70 е базиран на актуелната 911 Carrera GTS Cabriolet и ги носи со себе боите и деталите што Штутгарт ги користел на своите автомобили во 1970-тите.
Покрај специфичната боја на каросеријата (Olive Neo), ретро деталите на верзијата Spirit 70 се издвојуваат со препознатливиот модел на материјал што се користи на седиштата и панелите на вратите, а хибридниот кабриолет, кој е „потпишан“ од одделот Exclusive Manufaktur на Porsche, е поставен на 20 и 21-инчни двобојни бандажи со централна навртка кои се „позајмени“ од моделот Sport Classic.
На купувачите им останува да одлучат дали сакаат каросерија со или без црни апликации, вклучувајќи го и бројот 70 на вратите, како и стилизираниот број 911 на предниот капак, кој завршува со три ленти.
Porsche ќе го понуди 911 Spirit 70 во 1.500 примероци ширум светот, а се придвижува од хибриден погон кој се состои од 3,6-литарски 6-цилиндричен boxer мотор со помош на електричен мотор. Осум-брзинскиот автоматски менувач со двојна спојка (PDK) е одговорен за пренос на силата на задната оска, а комбинираната моќност и максималната вредност на вртежниот момент (541 КС / 610 Nm) се доволни за забрзување од 0 до 100 km/h за 3,1 секунди и 312 km/h. За „духот на седумдесеттите“ треба да се издвојат 240.000 евра.