Porsche најавува изградба на нова фабрика во Хрватска

од Vladimir Zorba
256 прегледи

Porsche ги финализира плановите за изградба на фабрика за погон за електрични велосипеди во Хрватска, дознава „Јутарњи лист“. Тоа ќе биде првата фабрика на германскиот автомобилски гигант во Хрватска и неговата прва гринфилд инвестиција во локалното индустриско производство

Втората е значајна инвестиција во локалното производство во областа на мобилноста, автомобилската индустрија, откако групацијата Римац најави и почна да гради сопствена фабрика во Света Недеља кај Загреб.

Сè уште не се познати деталите за фабриката за електрични велосипеди на Porsche.

Сето ова се случува две години откако Porsche Group преку Porsche eBike Performance го презеде стартапот Greyp Bikes од Mate Rimac. Тоа беше една од најголемите аквизиции во Хрватска досега.

Се проценува дека Porsche eBike Performance платил 13,3 милиони евра за Greyp Bikes. Првично, Porsche најави дека ќе го задржи брендот, што и го правеше до оваа година.

Слични содржини