Porsche веќе има произведено 100.000 електрични возила

од Vladimir Zorba
187 прегледи

Беа потребни само три години и два месеци за 100.000 Taycan возила да се симнат од склопувачката лента.

Кога овој модел дебитираше на пазарот, многу возачи со негативен став кон електричните автомобили се сомневаа дека електричното Porsche има иднина. Излезе дека не биле во право.

Taycan стана исклучително популарен меѓу клиентите на германскиот бренд и брзо ги освои нивните срца.

Тоа е уште еден модел кој благодарение на добрата продажба и значителните приходи, и овозможува на марката од Куфенхаузен да инвестира во нови проекти и автомобили со SUS мотори што е можно подолго. Да не беше Porsche Taycan, можеби немаше да добиеме толку моќен Porsche 911 GT3 RS.

Беа потребни само три години и два месеци за 100.000-тиот Taycan да излезе од производната лента.

Автомобилот со Neptune Blue боја е верзијата Turbo S, која е најбрза. Многу клиенти го избираат, иако за повеќето од нив обичниот Taycan е повеќе од доволен.

Овој автомобил отвори ново поглавје за Porsche. Електрификацијата покажа дека може да оди рака под рака со одличното возачко искуство.

Во исто време, популарноста на овој модел јасно покажува дека клиентите кои претпочитаат Porsche не се плашат од новите технологии.