Портпаролката на Навални: Властите нема да го предадат телото на Алексеј уште 14 дена

од Radmila Tasevska
226 прегледи

Портпаролката на рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој почина минатиот петок во затвор во областа Јамало-Ненец на северот на Русија, денес објави дека неговото тело ќе биде чувано во мртовечница 14 дена.

„Истражителите им рекоа на адвокатите и мајката на Алексеј дека нема да им го предадат телото. Ќе остане под некаков „хемиски тест“ во следните 14 дена“, изјави портпаролката Кира Јармиш на платформата Икс (Твитер).

Претходно сопругата на Навални, Јулија изјави дека Алексеј бил отруен со нервен агенс Новичок и ги обвини руските власти дека го кријат неговото тело бидејќи чекале да испари трагите од отровот.

Слични содржини