Портпаролот на Левица го запали Кривичниот Законик

од Radmila Tasevska
338 прегледи

Во Република Македонија криминалот на политичките и бизнис интереси се аболицира. Широката коалиција ДПМНЕ-СДС-ДУИ, со европско знаменце, ги амнестираше криминалите на своите политичари и функционери преку драстично намалување на казните за наместени тендери, злоупотреба на овластувањата и за злосторничко здружување, велат од Левица.

Од партијата посочуваат ,,во овој момент, измените ќе влијаат на 14 судски пресуди и обвинети над 80 лица, не метајќи ги случаите кои се наоѓаат во ОЈО ГОКК. Се аболицираат тројца сегашни пратеници од редовите на ДПМНЕ. СДС го враќа и Никола Груевски’’.
На вчерашната собраниска седница, предаторската воља на широката коалиција пресуди, за да се убие правичноста и да се осигура неказнивоста. Собраниската опозиција, сочинета единствено од пратениците од Левица, одби да земе учество во озаконувањето на високата корупција, велат од Левица.

Додаваат дека ,,менувањето на Кривичниот законик, не само што им одговара на корумпираните партиски раководства, туку се случува и како обид за повторно наметнување на уставните измени за бугаризација на Македонија, како што такви измени беа донесени и пред насилното менување на уставното име’’.

,,Левица останува како единствената парламентарна опозиција, преку која народниот интерес непосредно се изразува во институциите. Затоа и ветуваме, дека по следните парламентарни избори, повторно ќе ја заостриме казнената политика и ќе го дуплираме рокот за застареност на криминалите на вечната коалиција СДС-ДУИ-ДПМНЕ.

Измените на кривичниот законик се акт на консолидација на тиранијата на елитата над народот. Но, овој пат, нема тоа така да помине.

Нека ни е честит Денот на неказнивоста!’’ – стои во соопштението на Левица.

Слични содржини