Португалски војници шверцувале дрога, злато, дијаманти во Европа?

од Nikola Popovski
449 прегледи

Португалската полиција денеска пребара 100 места низ земјата и издаде десет налози за апсење, по дојавата дека војниците на земјата, стационирани заедно со силите на Обединетите нации во Африка, шверцуваат дијаманти, дрога и злато во Европа.

Војниците се осомничени дека шверцувале нелегален материјал во воени товарни авиони, кои летале од Централноафриканската Република за Португалија, се наведува во соопштението на кабинетот на началникот на Генералштабот на португалските вооружени сили.

Стотици елитни португалски војници, вклучително и падобранци и специјални сили, се стационирани со силите на ОН во Централноафриканската Република во последните години, потсетува АП.

Командантот на португалските сили во таа мисија бил информиран во декември 2019 година за можна вмешаност на португалски војници во шверцот на дијаманти, се додава во соопштението, пренесува Танјуг.

Како што се наведува, кога португалските правосудни органи дознале за тоа, започнала истрага дали војниците работеле како „мули“ за да шверцуваат дијаманти, дрога и злато.

Во акцијата која била насочена кон „криминалната мрежа со меѓународни врски“ учествувале повеќе од 300 полицајци.

Слични содржини