Португалскиот парламент ја легализираше евтаназијата за луѓето кои боледуваат од неизлечива болест и трпат неподносливи болки, објави лондонски „Тајмс“.
Дебатата за евтаназија ја подели претежно католичката земја и наиде на силно противење од претседателот Ребело де Соуза.
Според новиот закон, секој над 18 години ќе може да добие помош при умирање доколку трпи „продолжена“ и „неподнослива“ болка, под услов да е ментално способен да донесе таква одлука.
Само португалските државјани и регистрираните жители се опфатени со новиот закон, додека странците нема да можат да доаѓаат во Португалија и да бараат евтаназија.
Парламентот одобри евтаназија четири од претходните три пати, но претседателот, кој е конзервативен и побожен католик, стави вето.
Законот беше усвоен со 129 гласови за и 81 против и еден воздржан.