Португалскиот премиер Антонио Кошта денеска предупреди дека дебатата за кандидатурата на Украина за членство во Европската унија може да создаде внатрешни поделби и „лажни очекувања“.
„Најдобрата поддршка што Европската унија може да ѝ ја даде на Украина е да го зачува нејзиното единство“, рече Коста, пренесува Си-Ен-Ен.
Тој најави дека неговиот фокус на следниот Европски совет ќе биде да добие јасна посветеност за поддршка и изградба на долгорочна платформа за закрепнување на Украина.