Поручничка на војската на Црна Гора е повредена откако експлозивна направа ѝ се активирала во рака за време на обука. Според подгорички „Дан“, припадничката на војската се здобила со скршеница на прстот и оштетена кожа во тој инцидент, но за среќа немало посериозни последици ниту за неа, ниту за другите учесници на обуката.
На прашањето на „Дан“ во министерството за одбрана дали е утврдено под кои околности неодамна дошло до активирање на експлозивната направа во раката на поручничката, со какви повреди се здобила во таа прилика и за каква експлозивна направа станува збор, од одделението одговориле дека била испочитувана постапката за обука.
„Тоа го потврди и комисијата формирана согласно процедурите од страна на надлежниот службеник во вакви ситуации заради утврдување непобитни факти. На повредената припадничка на Армијата ѝ била укажана соодветна медицинска помош“, соопштено е меѓу другото од министерството за одбрана.
Тие, исто така, велат дека специфичноста на воената служба вклучува обука на членовите за извршување на комплицирани, а со тоа и ризични работи и задачи.