Посебен сообраќаен режим денеска и утре во периодот од 7:00 до 17:00 часот ќе биде воведен на дел од булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје поради меѓународниот кружен натпревар во автомобилизам ФИА – ЦЕЗ награда на град Скопје „Скопје-2019“, во организација на Автомобилистичката федерација.
– Натпреварот ќе се одвива на потегот од крстосницата помеѓу бул. „Крсте Петков Мисирков“ и бул. „Гоце Делчев“, право до крстосницата помеѓу бул. „Гоце Делчев“ и ул. „Беласица“, до надвозникот на железничката пруга на исток, северно продолжува до кружниот тек, јужно до крстосницата помеѓу улиците „Владимир Комаров“ и „Беласица“. Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај во наведениот период ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, соопшти МВР.
Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот.