Посебна улога за принцот Џорџ на крунисувањето

од Vladimir Zorba
267 прегледи

Принцот Џорџ ќе има клучна улога како „page of Honor“ за кралот, станувајќи најмладиот иден крал што ќе има официјална улога на крунисувањето.

Иако ова е церемонијална улога, принцот Џорџ ќе има важна работа – да се погрижи кралот Чарлс да не се сопнува по неговата долга облека додека оди по патеката во катедралата Вестминстер, пишува Телеграф.

Принцот Џорџ ќе биде најмладиот од четворицата што ќе ја добијат оваа улога. Останатите тројца – лордот Оливер Чолмондели (13), Николас Баркли (13) и Ралф Толемах (12) се деца и внуци на пријатели на Чарлс.

Слични содржини