Посен колач со кокос и јаболка

од Stefanija Kuzmanovska
233 прегледи

Состојки:

Кора:

– 400 гр брашно

– 200 гр пченичен гриз

– 150 гр шеќер

– 1 кесичка прашок за пециво

– 2 кесички ванилин шеќер

– 70 гр кокос

Фил:

– 1,5 кг јаболка

– 130 гр шеќер

– сок од еден лимон

– 180 гр путер

– шеќер во прав за посипување на колачот

Подготовка:

Подгответе длабок калап за печење и премачкајте го со путер.

Во длабок сад измешајте ги брашното, гризот, шеќерот, прашокот за пециво, ванилиниот шеќер и кокосот, па поделете го на три еднакви дела.

Јаболката излупете ги, изрендајте ги, додадете шеќер и сок од лимон, па добро измешајте. Поделете на два еднакви дела.

Наредете прво 1/3 од сувата смеса од брашно и другите состојки, потоа 1/2 од филот, па втората третина од смесата од брашно и другите состојки, па втората половина од филот, па третата третина од сува смеса од брашно и други состојки.

Преку тоа изрендајте путер и оставете го да отстои еден час. После тоа, печете го колачот на 180 степени додека не порумени.

Кога ќе порумени, извадете го од рерната, оставете да се излади, па посипете со шеќер во прав.

Слични содржини