154
Цената на билетите за „Лувр“ се зголеми за пет евра во пресрет на Олимписките игри во 2024 година, објавено е на веб-страницата на парискиот музеј. Цената на билетот од вчера е зголемена за речиси 30 отсто, од 17 на 22 евра.
Посетата на „Лувр“ и понатаму ќе биде бесплатна за лица помлади од 18 години и за жителите на Европската економска област помлади од 26 години.
Како што објаснуваат од управата на музејот во соопштението, поскапувањето е последица на инфлацијата и поскапувањето на струјата.
Отворен во 1793 година, „Лувр“ е најпосетуваниот музеј во светот.
Париз очекува околу 15 милиони туристи да присуствуваат на Летните олимписки игри.