Поскапеа и кафеаните

од Берта Китинска
273 прегледи

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – август 2022 година во однос на истиот период лани е зголемен за 9,9 отсто, додека во однос на декември 2021 година за 8,2 процента, информираат од Државниот завод за статистика.

-Индексот на цените на угостителските услуги во август 2022 година во споредба со јули 2022 година е зголемен за 0,7 отсто. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 1 процент, Алкохолни пијалаци за 0,4 и Безалкохолни пијалаци за 0,3 проценти.Индексот на цените на угостителските услуги во август 2022 година во однос на истиот месец од претходната година е зголемен за 16,7 отсто, велат од ДЗС.

Слични содржини