Поскапеле телекомуникациите

од desk2
29 прегледи

Цените на услугите во одделот Услуги за телекомуникации во второто тримесечjе од 2025 година пораснале за 1 % во споредба со второто тримесечје од 2024 година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во второто тримесечје од 2025, во споредба со второто тримесечје од 2024 година, цените на услугите за транспорт и складирање пораснале за 0,7%.

Според видови транспорт, цените на копнениот и цевководниот транспорт бележат пораст од 0,7%, додека кај поштенските и курирските услуги остануваат непроменети.

Во истиот период, цените на услугите во секторот Информации и комуникации бележат пораст од 1% во одделот Телекомуникации.