Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,84 % во однос на Одлуката од 17.1.2022 година.

-Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,386 денар/килограм и сега ќе изнесува 44,213 ден/кг.

Од 25.1.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 78,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 80,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 71,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 44,213 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 4,856 %, кај дизелот за 4,802 % , кај екстра лесното масло за 4,821 % и кај мазутот за 4,320 %.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,205 % .

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 25.1.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, соопштија од РКЕ.

Слични содржини