Поскапуваат патарините во Србија

од desk2
31 прегледи

Патарините во Србија од утре ќе бидат поскапи за 4,2% по километар, според новото Решение за височината на патарините.

Зголемувањето е условено од годишниот индекс на потрошувачките цени и растот на цените на мало, соопшти српското Министерство за градежништво, сообраќај и инфраструктура.

Патарината од Ниш до Белград за автомобили ќе изнесува 1.170 динари (10 евра), од Белград до Нови Сад 325 динари (2,8 евра).

Вкупната должина на автопатиштата за кои се плаќа патарина е 905,2 километри, а патарината се наплаќа на вкупно 72 наплатни станици.

Фотографија: ЈП Путеви Србије