Дел од екипажот од мисијата „Аполо“ после речиси половина век ја откри долго чуваната тајна. Тие детали потврдуваат дека таму горе се случува нешто исклучително необично. Се работи за чудни звуци кои ги слушнале, но им звучеле доста познато.

Имено, додека орбитирале околу Месечината слушале звуци кои биле слични на денешната електронска музика, но без ритам.
Екипажот ги слушнал звуците, но не биле сигурни дали тоа да го пријават до НАСА. Тоа се случувало во 1969 година, два месеца пред Аполо 11 да слета на Месечината.
Аполо 10 влегол во лунарната орбита, што подразбирало да се помине и низ темната страна на Земјиниот сателит. Во тој период немале никаков контакт со контролата на Земјата.