После борбата со зависност, Деми Ловато пуши марихуана

од Stefanija Kuzmanovska
484 прегледи

Деми Ловато, која неодамна откри дека неколку минути ја делеле од смртта од предозирање во јули 2018 година, и објави документарен филм во кој зборуваше за својата борба со зависноста, објави фотографии со бонг (кој се користи за пушење марихуана) на нејзиното Инстаграм „стори“.

Инаку, Деми во документарниот филм „Танцувајќи со ѓаволот“ откри дека сепак повремено конзумира алкохол и марихуана.

Таа, сепак, истакна дека не сака другите луѓе кои се борат со зависност да бидат охрабрени да го сторат истото како и таа.

Слични содржини