Градоначалникот на Општина Центар соопшти дека до Велигден ќе се знае дали ќе се суспендира планот за изградба на трите висококатници спроти „Холидеј ин“ или сепак ќе се гради, но сепак официјалната одлука ќе ја донесе Советот на Општина Центар на седница после празникот.
Богдановиќ стравува дека општината ќе банкротира ако се суспендира планот, заради тоа што ќе треба да плаќа огромни суми оштета бидејќи инвеститорот веќе ги уплати комуналиите. Еко активистите и архитектите тврдат дека тоа можело да се спречи ако Богдановиќ сакал, наместо да дозволи парите за комуналии да легнат на сметката на општината. Сега инсистираат тој да бара од Министерството за транспорт и врски да се суспендира планот, во спротивно се заканија со тужби.