Последен ден за пријавување учество на Деновите за финансиска писменост

218 прегледи

Граѓаните уште денес ќе можат да се пријавар за едукативните видео презентации на тема Монетарна политика, Финансиска стабилност и Платен систем и платежни услуги, со кои ќе се организираат 4. Денови на финансиска писменост, во организација на Народната банка.

Сите заинтересирани ќе треба да го најават своето приству преку порака на е-адресата [email protected] или на официјалните страници на Народната банка на социјалните мрежи „Фејсбук“, „Твитер“ и „Инстаграм“. Притоа, секој граѓанин треба да наведе за која презентација/тема најавува присуство.

Овие денови на финансиска писменост ќе се оддржат од 24. до 26. ноевмри, а целта е да се зајакне финансиската едукација, да се зголеми свесноста и заштитата на потрошувачите на финансиски услуги, како и да се поттикне финансиската инклузија.

Како што соопштија од Народната банка, презентациите ќе бидат наменети за граѓаните со основно и понапредно ниво на знаења, односно ќе ги опфатат како основните, така и подеталните аспекти од наведените области. По секоја презентација е предвидена можност за прашања и дискусија со стручните лица од Народната банка.

Слични содржини