405
Самитот на Г7 во Корнвол за германската канцеларка Ангела Меркел е последен настап меѓу шефовите на држави и влади на седумте најразвиени индустриски земји.
А за првпат како американски претседател учевствува Џозеф Бајден.
„Јас сум од оние што можат многу јасно да го изразат она што го сакаат“, рече Меркел на еден од бројните самити на Г7. Во меѓувреме, сите го разбраа тоа или мораа да го прифатат со голема тешкотија.
Ова е нејзин 15-ти самит на Г7.
Германската канцеларка виде и преживеа многу политички работи: Берлускони, Саркози и Трамп. Сите дојдоа – и си заминаа. Остана само таа.