Последици за безбедноста: Зголеменото влијание на Кина го преобликува светот, вели Столтенберг

од Stefanija Kuzmanovska
261 прегледи

Генералниот секретар Јенс Столтенберг предупреди дека влијанието на Кина расте и дека тоа може да ја загрози безбедноста.

Новиот стратешки концепт на НАТО, кој ќе биде претставен на претстојниот самит во Мадрид, се очекува да придонесе за зајакнување на евроатлантската безбедност и враќање на меѓународниот светски поредок заснован на вредности и владеење на правото.

Столтенберг во интервју за АНА-МПА СА рече дека тоа е најважниот документ на НАТО.

„На Самитот на НАТО во Мадрид ќе донесеме важни одлуки, вклучително и усвојување на нов Стратешки концепт. Покрај Северноатлантскиот договор, Стратешкиот концепт е најважниот документ на НАТО. Ги потврдува вредностите, целта и задачите на НАТО. Ќе обезбеди колективна проценка на безбедносното опкружување и ќе послужи како нацрт за идната адаптација на Алијансата“, посочи Столтенберг.

„Концептот од 2010 година вели дека Европа е во мир. Но, војната на Путин против Украина го урна тој мир. Концептот од 2010 година не ја спомнува Кина еднаш. Денес, зголеменото влијание на Кина го преобликува светот, со директни последици за нашата безбедност и демократија. Други предизвици како што се сајбер заканите и климатските промени речиси никогаш не беа споменати во 2010 година, а сега е невозможно да се игнорираат“, рече тој.

Слични содржини