Огромен број на средношколци од различни средни училишта, се упатија од Собранието на Република Македонија кон Владата.

11115918_604104123023197_825154956_n-702x336

Ова е вториот марш против лошите реформи со транспаренти „Последна опомена“, „Нашето образование не е првоаприлска шега“ и „Стоп за лошите реформи“.

Пред почетокот на маршот, претставници на Средношколскиот пленум го прочитаа етичкиот кодекс во кој се забранува користење на било какви партиски етикети и ширење на говор на омраза.

Средношколскиот марш го следат и претставници на Студентскиот пленум и мал број на наставници и родители.
Министерот за образование Абдулаќим Адеми вчера се сретна со преставници на Унијата на средношколци, но на средбата не беа повикани од Средношколскиот пленум.

Постигната е согласност математиката да не биде задолжителен предмет во државната матура за сите ученици, туку само за учениците од природно-математичките гимназии.

Протести најавија и учениците од Тетово и Прилеп.

Слични содржини