Последната објава на Памела Андерсон на социјалните мрежи (ФОТО)

од Nikola Popovski
450 прегледи

Познатата актерка, модел и активистка за права на животните Памела Андерсон го објави својот последен пост на социјалните мрежи Инстаграм, Твитер и Фејсбук.

Во последната објава на Инстаграм, најпознатата русокоса во светот вели дека никогаш не ја интересирале социјалните мрежи.

„И сега кога го средив животот инспириран од читање и живеењето во природа – слободна сум. Ви благодарам за љубовта, благослов за сите вас“, додала таа.

„Се надевам дека ќе најдете сила и инспирација да се следите себеси. Обидете се да не бидете заведени од изгубеното време. Тоа е она што тие сакаат и можат да го сторат – заработете пари контролирајќи го вашиот мозок “, заклучи Памела.

Памела Андерсон работи на заштита на животните во последните неколку години. Таа неодамна му напиша на рускиот претседател Владимир Путин барајќи од него да ја заштити природата на Антарктикот.

Андерсон жестоко се залагаше за ослободување на основачот на Викиликс, Џлијан Асанж. Меѓу другото, таа му напиша неколку пати на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, барајќи да го помилува Асанж.

Слични содржини