290
Долгоочекуваната нова и последна песна на Битлси „Now and Then“ со сите четворица членови ќе биде објавена следната недела благодарение на истата технологија за вештачка интелигенција (AI) што беше користена за подобрување на звукот во документарниот филм на Питер Џексон „Get Back“.
„Еве го, гласот на Џон, кристално чист“, рече Пол Макартни, наведувајќи дека во 2023 година е возбудливо да се работи уште на музиката на Битлси и наскоро да се објави нова песна што јавноста не ја слушнала, објави „Гардијан “.
„Now and Then“ ја напиша и пееше Џон Ленон кон крајот на 1970-тите во неговиот дом во Њујорк.