Мајка на четири деца во Тексас одби да се вакцинира против ковид-19, но откако го загуби сопругот и самата се зарази со коронавирус, нејзината последна желба беше да ги вакцинираат нејзините деца.
Лидија Родригез (42), професорка по пијано во градот Ламарк, почина во понеделникот, две недели откако нејзиниот сопруг Лоренс (49) подлегна на вирусот.
Нејзината роднина, Доти Џонс за локалната телевизија ABC13 изјави дека парот не верува во вакцини. Кога Родригез се премислила, веќе беше доцна.
„Пред да биде интубирана, една од последните работи што ги кажа на нејзината сестра беше: „Те молам, погрижи се моите деца се вакцинираат“, рече Џонс.
„Сега ќе беше со своите деца да се вакцинираше“, додаде таа.