Учесникот на овогодинешното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, Момир Луковац, почина ненадејно синоќа на 24-годишна возраст, а причините за смртта сè уште не се познати.
Иако не беше толку добро познат во пошироката јавност, неговиот последен настап во јануари годинава во шоу програмата ќе остане запаметен по неговите вокални способности.
Луковац се претстави со песните „Prokleta je violina“, од Саша Матиќ и „Da me je ona volela“, од Аца Лукас, Миле Китиќ и Саша Матиќ.
Благодарение на позитивните коментари на жирито, тој успеал да се пласира во третиот круг на натпреварувањето.
За време на коментарите, жирито му предвиде брилијантна музичка кариера, која за жал не ја доживеа.
Да потсетиме, неколку колеги со емотивни пораки се простија од пејачот преку социјалните мрежи, а причината за смртта сè уште не е позната.