Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и ги упати последните зборови на својата прва сопруга која ненадејно почина.
Ксенија Вучиќ ненадејно почина во саботата во својот стан на 56-годишна возраст.
Тажната вест ја објави претседателот Вучиќ на својот Инстаграм профил.
– Вечерва во Белград ненадејно на 56 години почина Ксенија Вучиќ, мајка на нашите две деца Данило и Милица, мојата прва сопруга – напиша Вучиќ.
Според непотврдени информации, новинарката починала како последица на згрутчување на крвта и покрај напорите на лекарите да ја реанимираат.