Последно збогум за Џин Хекман и Бетси: Семејството и пријателите на интимна комеморација

од Љубиша Владимиров
92 прегледи

Погребот на Џин Хекман и Бетси Аракава се одржа во Ново Мексико, пренесува People. Актерот и неговата сопруга беа пронајдени мртви пред нешто помалку од два месеци, а сега се погребани на гробишта во Санта Фе. Според извештаите, пред погребот се одржала комеморација на која присуствувале децата на Џин – синот Кристофер и ќерките Елизабет и Лесли, како и неколку блиски пријатели. Целиот настан бил организиран во приватен и интимен амбиент.

Џин Хекман и Бетси Аракава беа пронајдени мртви на 26 февруари. Деновиве е објавено и видео од полицијата, на кое се гледа моментот кога припадниците на шерифската служба влегуваат во нивната куќа, откако обезбедувањето пријавило проблем. Снимките од телесните камери на заменик-шерифите од Санта Фе прикажуваат потресни сцени од домот на славната двојка, снимен веднаш по пронаоѓањето на нивните безживотни тела.

Слични содржини