
Ела Дворник, ќерката на Дино Дворник, неодамна на својот Фејсбук профил ги сподели последните стихови на татко и .
Неговата порака воопшто не е типична, таа е напишана во стихови, а Ела одлучи да ја сподели со неговите следбеници.
“Кога повеќе ќе ме нема и кога со години сите ќе ме заборават, тогаш твоите усни нека ја разбудат оваа тажна песна, нежните сихови и немој да има солзи, бидејќи тука сум меѓу ѕвездите. И додека нов свет се создава, од небото ќе пуштам еден бел цвет и едно перце, со крила на ангели за да се сетиш како некогаш ме сакаше.
Јас никогаш не сум имал никого, а ти ми беше се; се што имав јас и се што имаш ти, твојте усни, тоа е се што имам јас и се што имаш ти.
Небото сега е мојот дом, а мојата душа те сака тебе за да живееме среќно заедно. Ти ќе имаш живот свој, а јас од небото ќе го следам секој твој чекор„ објави Ела.