Последното ВИДЕО од Путин повторно ги отвори дебатите за неговата влошена здравствена состојба

од Vladimir Zorba
340 прегледи

На социјалните мрежи кружат видеа и фотографии од конференцијата на Владимир Путин со министерот за одбрана на Рисија, Сергеј Шојгу. Додека Кремљ навести дека двајцата се сретнале за да разговараат за стратегијата на Русија во Мариупол, стратешки пристанишен град во Украина, каде Путин прогласи „успех“, набљудувачите оддалеку се фокусираа на тоа како изгледа рускиот претседател.

На снимките се гледа маса меѓу Путин и Шојгу, а рускиот лидер изгледа како целосно да потонал во столот. Рускиот претседател цело време седеше во крајно чудна положба, држејќи се за масата со десната рака.

Набрзо се проширија шпекулации дека рускиот лидер можеби е во лоша здравствена состојба, а во последните неколку месеци се шират гласини дека Путин боледува од некоја болест.

Претходно овој месец, Кремљ негираше дека Путин бил опериран од рак на тироидната жлезда, објави „Москва тајмс“ на 1 април.

Се шпекулираше и дека Шојгу бил во лоша здравствена состојба во претходниот период. Овој пат тој само го прочита своето кратко обраќање до Путин на хартија.

„Тој е во лоша здравствена состојба и депресивен е“

Андерс Аслунд, шведски економист и поранешен советник на руската влада, рече дека снимката од состанокот покажува како и двајцата Руси се „депресивни и во лоша здравствена состојба“.

Тој истакна дека на Шојгу му било тешко да разговара со Путин додека ги читал неговите коментари, што укажува дека гласините за неговиот срцев удар веројатно се точни.

Претходно се појавија различни шпекулации за здравјето на Путин. Рускиот медиум „Проект“, кој е забранет во Русија и затоа оперира од странство, неодамна објави дека Путин постојано е под надзор на лекар специјализиран за рак на тироидната жлезда.

Се пишуваше и дека Путин редовно бил придружуван од неврохирург, како и неколку други лекари.

„Москва тајмс“ објави дека новинарот Алексеј Венедиктов на својот канал „Телеграм“ објавил дека го прашал портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков за гласините дека Путин боледува од рак.

„Фикција и невистина“, рекол Песков, што го натерало новинарот особено да се запраша дали е правилно да се каже дека Путин нема рак.

„Точно“, одговорил Песков.