Посмртните останки на жртвите во несреќата ќе пристигнат најрано во вторник или среда

од Nikola Popovski

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска информираше утре ќе пристигнат во земјава првите двајца пациенти, кои се сместени во софиската болница „Пирогов“, а кои беа спасени од автобуската несреќа.

-Уште двајца повредени ќе бидат отпуштени на 28-ми, двајца на 30-ти октомври и едно лице на 1-ви декември. Српскиот државјанин ќе биде пренесен во неговата земја. Организацијата на тоа ќе ја врши Министерството за здравство, а пациентите прво ќе бидат пренесени во нашите здравствени установи, пред да бидат пуштени на домашно лекување. Во однос на пренесувањето на посмртните останки на жртвите, најрано вторник или ќе биде трансферот, но можно е и ден задоцнување. Се зависи од тоа кога точно ќе бидат идентификувани телата, рече Османи на прес-конференција во Владата.

Слични содржини