Посна карамел торта со киви

831 прегледи

Потребно:

600 гр мелен посен кекс
100 гр кекси
5 лажички шеќер за пудинг
100 гр шеќер за чај
200 гр шеќер во прав
400 гр мелени ореви
пудинг од карамела
100 грама стопено чоколадо
300-400 грама шлаг
600-700 гр киви
сок од 4 портокали
500 гр посен маргарин
1 л вода
ванилин шеќер

Подготовка:

Сипете ја водата во тенџере и додајте 4-5 лажици шеќер, ванилин шеќер и сварете го пудингот. Оставете го да се излади.

Матете го маргаринот со 4-6 лажички шеќер во прав, па кога пудингот ќе се излади, соединете ги.

Измешајте го мелениот кекс со мелените ореви и додајте 4-5 лажици шеќер во прав и сокот од 4 портокали, потоа 100 грана стопено чоколадо, како и пола од изматениот маргатин и се тоа добро изедначете го. Можете да додадете и неколку капки рум по желба.

Во тенџерче стопере 100 гр шеќер и додајте 300 мл вода и оставете да се истопи и проврие. Во послужавник редете го кексот кој сте го потопиле во врел чај.

На него, со раце додајте го прво темниот дел, а потоа и светлиот дел на кремот па исечените киви на текни листови. Потоа повторете ја постапката. На крај украсете со шлаг или по желба.

Оставете го во фрижидер неколку часа да се стегне.

Слични содржини