Посна руска салата

од Stefanija Kuzmanovska
876 прегледи

Состојки:

– 2 моркова (200 g)

– 2 компира (250 g)

– 1/2 шолја грашок

– 1 шолја сечкани кисели краставички

Состојки за мајонез:

– 150 гр варени леблебии

– 120 мл течност во која се вареле леблебиите

– 50 мл масло

– 1/2 лажичка сол

– 1/2 лажичка сенф

– 1 лажица сок од лимон или оцет

– бибер и сол по вкус

Подготовка на посен мајонез:

Леблебиите ставете го во потесен, подлабок сад (може да користите и тегла), измелете ги со рачен миксер додека не се целосно змечени.

Се додаваат зачините и останатите состојки и постепено се додава маслото и течноста во која се вареле леблебиите со непрекинато мешање.

Посниот мајонез е подготвен.

Подготовка на руска салата:

Посната руска салата се подготвува на ист начин како и мрсната.

Зеленчукот сварете го на вообичаен начин, кога ќе се излади исечкајте го (морковите и компирите).

Количините на зеленчук се приближни, можете да ги зголемите или намалите, во зависност од тоа каква посна руска салата сакате – посочна или „посува“.

Една шолја сечкани краставици е околу 5-6 краставици.

Измешајте го зеленчукот и посниот мајонез.

Зачинете по вкус, додадете сол и бибер. По вкус, можете да додадете некој друг зеленчук и зачини.

Слични содржини