Посна руска салата

од Stefanija Kuzmanovska
3,6K прегледи

Состојки:

– 2 моркова (200 g)

– 2 компира (250 g)

– 1/2 шолја грашок

– 1 шолја сечкани кисели краставички

Состојки за мајонезот:

– 150 гр варени леблебии

– 120 мл течност во која се вареле леблебиите

– 50 мл масло

– 1/2 лажичка сол

– 1/2 лажичка сенф

– 1 лажица сок од лимон или оцет

– бибер и сол по вкус

Подготовка на посен мајонез:

За да го подготвите мајонезот потребен ви е миксер со стапчиња.

Леблебиите ставете го во потесен, подлабок сад (може да користите и тегла), иситнете ги со миксер – мешајте што подолго.

Се додаваат зачините и постепено се додава маслото и течноста во која се вареле леблебиите со непрекинато мешање.

Посниот мајонез е подготвен.

Подготовка на руската салата:

Посната руска салата се подготвува на ист начин како и мрсната.

Зеленчукот сварете го на вообичаен начин, кога ќе се излади исечкајте го (морковите и компирите).

Количините на зеленчук се приближни, можете да ги зголемите или намалите, во зависност од тоа каква посна руска салата сакате – посочна или „посува“.

Една шолја сечкани краставици е околу 5-6 краставици.

Измешајте ги зеленчукот и посниот мајонез.

Зачинете по вкус, додадете сол и бибер. По вкус, можете да додадете некој друг зеленчук и зачини.

Со оглед на тоа дека соодносот на сирови и сварени леблебии е приближно 1:2,5, (од 100 гр сирова леблебија ќе добиете приближно 250 гр варена) кога ќе го сварите, згответе повеќе (за да не сваритесамо 100 гр.).

Од останатите, на пример, можете да направите хумус.