379
Салата која е лесна за подготовка и многу вкусна.
Состојки:
– 1 пакување тестенини
– 2 конзерви туна
– 200 гр посен мајонез
– малку слатка пченка
– 1 праз
Подготовка:
Сварете ги тестенините во солена вода, процедете ги и оставете ги да се изладат. Не ги плакнете.
Во друг сад измешајте ги сечканиот праз, исцедената туна, пченката и мајонезот.
Додадете ги тестенините и сè добро измешајте.
Доколку не постите, во салатата додадете 200 гр павлака.
Се става во фрижидер да се излади.