650
Состојки:
– 5-6 јаболка
– 100 гр шеќер
– 100 гр ореви
– 100 гр посни бисквити, по ваш избор
Подготовка:
Излупете ги и изрендајте ги јаболката.
Потоа додадете шеќер, па динстајте на умерена температура за да испари сокот. Тоа треба да биде густина како на џем.
Извадете ги од шпорет, па додадете мелени ореви и посни мелени бисквити.
Добро измешајте со рака, обликувајте топчиња, а потоа валкајте ги во посни мелени бисквити или мелени ореви.