Посни тестенини со зеленчук и печурки.
Состојки:
– 250 гр посни шпагети
– 150 гр млад спанаќ
– 100 гр печурки (шампињони, на пример)
– 2 чешниња ситно сечкан лук
– 50 мл сос од домати
– сол, бибер
– оригано
– препечен сусам
– 1 лажица соја сос (посен)
Подготовка:
Прелијте ги шпагетите со вода и ставете ги во тенџере да се варат.
Прелијте го спанаќот со топла вода и оставете го да омекне неколку минути. Печурките исечкајте ги на коцки, а потоа ситно исечкајте го лукот и ставете го во тавата.
Спанаќот исцедете го и исечете го на ленти, па додајте го во тавата. Потоа додадете сол, бибер, оригано и соја сос, па прелијте со сосот од домати.
Додадете го сусамот, па промешајте да се соединат сите состојки, варете околу три минути.
Сварените шпагети исцедете ги и додајте ги во сосот, поклопете минута-две и послужете.