Постапка против тројца скопјани и три деца за разбојништво во Градскиот парк

од Radmila Tasevska
221 прегледи

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица на возраст од 18-19 години, кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело „разбојништво“. Во извршувањето учествувале и три малолетни деца во судир со законот, за кои ќе биде поведена постапка согласно Законот за правда на децата.

Како што информира денеска Јавното обвинителство, лицата заедно на 23 ноември годинава во Градскиот парк во Скопје се заканиле со пиштол дека ќе нападнат врз животот и телото на оштетен и оштетена, кои седеле на клупа. На тој начин од нив одзеле еден машки рачен часовник и 1200 денари со намера противправно да ги присвојат.

– Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка предложи определување мерки на претпазливост за полнолетните осомничени, вклучувајќи забрана тие да се приближуваат до оштетените во текот на постапката, се наведува во соопштението.

Слични содржини