Lamborghini годинава слави 60-годишнина и за да го одбележи во Јапонија, италијанската марка собра 251 возило за парада на патеката „Сузука“.
Претставници на Гинисовата книга на рекорди присуствуваа на настанот и ја потврдија поворката како „Најголемата парада на автомобилите Lamborgini“. Возилата на парадата ја опфатија историјата на Lamborghini, од Miura до Countach LPI 800-4.
Покрај тоа, Lamborghini ги донесе и моделите 350 GT, Islero и Countach, покажувајќи ги реставраторските работи од одделот Polo Storico. Одделот за персонализација Ad Personam создаде реплика Lamborghini Lounge Tokyo каде јапонските клиенти можат да изберат посебни детали за нивните уникатни возила.
Lamborghini, исто така, го искористи овој настан како можност за премиера на Huracan Sterrato пред јапонската публика.
На настанот беа изложени и уметничкиот автомобил Huracan STO Time Chaser_111100 и скулптурата Time Gazer.