Поставени нови валидатори во дотраените автобуси на ЈСП Скопје

од Илинка Илиоска
390 прегледи Фото. Локално

Во автобусите на ЈСП Скопје сега се поставени нови валидатори за наплата на карти. Тие се дел од очекуваната модернизација на системот за наплата.

Новите валидатори, кои ги заменија  дотраените, се финансирани од тендер во вредност од 2,5 милиони евра, кој како што од свои извори,  неофицијално дозна „Локално“ е доделен на бугарска компанија.

Оваа промена доаѓа откако претходно се најавуваше потребата за нов систем за наплата и  треба да овозможи подобра контрола и наплата во јавниот превоз.

Одлуката за новите валидатори беше проследена со неколку одложувања и недостиг на поддршка од советниците на Град Скопје.

Град Скопје набавува нови валидатори за старите и дотраени автобуси?

Слични содржини