Постигнат договор: Министерството за одбрана им ги продолжи договорите на професионалните војници

333 прегледи

На предлог на Независниот синдикат за професионални војници и Независниот синдикат на одбраната, на сите професионални војници постигнаа успешен социјален дијалог во министерството за одбрана и потпишаа тригодишен договор за работа и ќе им се продолжат договорите на војниците за дополнителна една година.

Исто така, измените во Законот за служба во Армијата, од февруари оваа година предвидуваат професионалните војници да потпишуваат договори на секои четири години.

Министерството за одбрана меѓудругото, ќе потпише анекси на договорите на професионалните војници вработени пред да се донесе оваа измена, со што целосно се изедначуваат условите под кои се вработени професионалните војници и им се дава дополнителна сигурност.

Вакви анекси на договори за продолжување на работниот однос ќе бидат потпишани со 2.705 професионални војници.

Слични содржини