275
Врховниот суд во Пенсилванија денеска ја поништи пресудата за Бил Козби за сексуално злоставување, откако беше утврдено дека тој постигнал договор со обвинителот.
Козби одлежа повеќе од две години, во државниот затвор во близина на Филаделфија, објави АП.
Тој вети дека ќе ги отслужи сите 10 години, наместо да признае дека жали за односот што го имал во 2004 година со Андреа Констанд, која го тужеше.
Десетици жени го пријавија за злоупотреба, а пресудата што ја доби во 2018 година се сметаше како пресвртна точка во движењето #MeToo.
Козби (83), кој некогаш беше омилен како „американски татко“, беше осуден за дрогирање и малтретирање на вработена од Универзитетот Темпл на неговиот приградски имот.
Foto: KENA BETANCURAFP/GETTY IMAGES