Постигнат договор за енергетско партнерство меѓу Германија и Катар

од Vladimir Zorba
195 прегледи

Германија и Катар постигнаа долгорочно енергетско партнерство, изјави денеска германскиот министер за економија Роберт Хабек, додека најголемата европска економија се обидува да стане помалку зависна од руските енергетски извори.

Катарскиот емир Шеик Тамим бин Хамад ал Тани денеска го прими Хабек и двајцата разговараа за начините за подобрување на билатералните односи, особено во енергетскиот сектор, се наведува во соопштението од Доха, пренесе Ројтерс.

Портпаролот на германското Министерство за економија во Берлин потврди дека е постигнат договор.

Слични содржини